Мнозинството на светски еминентни лекари веќе подолго време нагласува дека иднината и припаѓа на медицинската превенција.
Со цел сочувување и подобрување на здравјето, денес науката и здравствената практика се насочени кон знаењето и најефикасните начини и средства од природно потекло со кои се решаваат проблемите на човековото здравје.
Современиот човек е постојано подложен на многу штетни влијанија, и многу често и ние самите несвесно натрупуваме самоиницирани проблеми. Како резулатат на тоа се појавуваат многу болести. Некои од нив се условени од генетски оштетувања и се развиваат во одредени услови.
Пред секој од нас порано или подоцна се поставува прашањето: Со кои методи да ги лекуваме наталожените здравствени проблеми и болести?
Во целиот свет специјалистите настојуваат да ја намалат употребата на синтетички препарати и да ги идентификуваат природните билни средства за оддржување здравјето и ефикасно лекување.
Голем број научници од различни области работат на полето на истражување и креирање на нови сублимати од добро познатите состојки од природно потекло кои со текот на времето се потиснати од употреба со индустриското производство на медикаменти.
Со цел едукација за превенција, темелно информирање, и обучување на населението за правилна исхрана, како предуслов за добро здравје и благосостојба на организмот, и инструкции како да се користат природните лекови, и со фокус врз компилацијата и овозможувањето на достапност до информациите за природниот начин на профилактика и лекување основано е Здружението за природна медицина.
ПРИРОДНА МЕДИЦИНА
Што е всушност природната медицина?
Природната медицина е област на научна и практична дејност чија цел е оддржување и зачувување на здравјето на луѓето со поврзување на достигнувањата во конвенционалната медицина и најбогатите традиции на народната медицина од најнапредните култури како и методите на диетологијата, нутриционизмот и фитотерапијата за спречување и лекување на болестите со помош на природни, пред се билни средства.
Голем број светски познати доктори целосно ја отфрлаат примената на хемиски лекови во лекување на кардиоваскуларни болести, уверуваќи се во сопствената практика во нивната мала ефикасност. Тие пропагираат примена на методи на лекување со билки, аромотерапија, фитотерапија итн. Овие врвни специјалисти кои имаат голема и долгогодишна пракса, а некои од нив и сопственици на клиники, и истовремено се и автори на книги кои препорачуваат примена на природните методи. Многу од нив се носители на награди за нивните откритија.
Најновите испитувања убедливо докажаа дека една од основните причини за кардиоваскуларните заболувања е дефицитот на неопходни микроелементи, ензими, витмини и други градежни материјали без кои нашиот организам не е способен да одржи висок квалитет и здрав живот на клетките, ткивата и органите. Многу американски доктори успешно ги користат достигнувањата на официјалната медицина, применуваќи истовремено фармаколошки препарати и природни додатоци на исхраната: билки, витамини, ферменти.
Посебна популарност во Америка има Универзитетот за природна медицина во градот Санта Фе, The Center for Natural Studies кoj е основан 2004 година во Сакраменто, Калифирнија, а крајот на 2008 е отворен и ИПМ во Белград кои активно делуваат со цел за ширење на знаење за природна медицина на глобално ниво.
Било непходно да се вложи огромен напор за проучување и сублимирање на материјалот за примена на билки, витамини, микроелементи, ензими, за да се најде одговор на прашањето: што конкретно треба да се додаде во исхрана на оној кој трпи одреден недостаток?
Таа мисија е спроведена од Националното Здружение за испитување на здравјето. Во книгата Лековити билни додатоци се презентирани резултати на долгогодишни истражувања, а резултатите од ефикасните рецепти со нивни анализи објавени во водечки професионални списанија како што се “Журналот на Американското медицинско здружение”и “Ланцет”.
Природната медицина при користење на било која методa за лекување се придржува до принципот на избегнување на нуспојави, и се користи со најекономичните методи на лекување,, кои одговараат на биолошките потреби на болниот, зајакнување на имунитетот, хармонизација на биолошките и психичките својства на човекот.
Во природната медицина, симптомите имаат различно значење од значењето во класичната медицина. Тие не се сметаат како знаци за закана со кои треба веднаш да се бориме. Тие се сметаат за сигнал на дисбалансот на функцијата, оштетувањето на некој систем во организмот, а исто така и како индикатор на оздравување, врз основ на кои се прати динамиката во процесот на лекување.
Подготвил:
Жаклина Марковска Христовска
Лекар по природна медицина и информотерапевт
За поисцрпна едукација посетете ја веб страната: