ИНФОРМАЦИСКА МЕДИЦИНА
Во 1989 година професорот Зерновиј Скрипњук ги формулирал основните поставки на информотерапијата во лабараторијата за невробиологија на Киевскиот оддел на Харковскиот научно истражувачки институт за неврологија и психијатрија при Министерството за здравство на Украина, со што се појавува нов правец во медицината, Информациона медицина.
Во информационата медицина се инкорпорирани повеќе научни дисциплини:
- Информатиката како фундаментална наука која се занимава со процес на добивање, обработка, зачувување и пренос на информација;
- Биоинформатиката, која го проучува преносот и обработката на информациите во живите системи, размената на информациите меѓу истите во меѓуклеточната и внатрешноклеточната комуникација (за решавање на своите задачи биоинформатиката користи методи на биофизика, биохемија,молекуларна биологија, физиологија, фармакологија и разработува свои методи.);
- Физиологијата кoja дава претстава за интеракцијата помеѓу различните органи; биофизиката, која овозможува проучување на дејствувањето на електромагнетските зрачења и биолошките активни материи врз рецепторите, јонските канали, изолираните клетки, органи и организми.
Што претставува Информотерапијата?
Информотерапијата претставува оддел во медицината кој го проучува влијанието на информацијата врз физиолошките, биохемиските, биофизичките и паталошките процеси во организмот на човекот, како и процесите на добивање, кодирање, чување декодирање и користење на информациите и ги разработува методите на примена на информацијата во лекување и превентивата.
- Значајно се зголемува дијапазонот на лековити методи и се намалува времетраењето на лекувањето
- Нема алергии и нус ефекти од делување на препаратите
- Се потенцира делувањето на поголем број на лековити треви,
- Не се забележана зависност (има токсична безбедност на информотерапијата)
- Не се појавува негативен ефект врз други органи на лековитото влијание.
- Настанува излекување или долг период на ремисија на хронични заболувања.
Микрогенераторската информодијагностика овозмозува добивање на информации за состојбата на сите органи и системи на организмот на човекот ( вклучуваќи имунолошки, нервен, ендокрин, кардиоваскуларен, на органите за варење, на органите за дишење и на органите за мокрење, половите органи и алергичните заболувања на кожата). Анализираќи ги со внимание земените податоци при мерењата се одредува индивидуално лекување кое ги доведува во норма органите и системите во кои постои отстапување. Оваа метода се користи веќе 16 години во повеќе држави.
Информотерапијата е ефикасна за лекување на машкиот и женскиот стерилитет, пореметувањето на менструалниот циклус, хипо и хипертироза , дифузни токсични гушења, некои заболувања на кожата, псоријаза, синдрим на хроничен замор, алергиски заболувања, хроничен бронхитис, дијабетес, хрoнични главоболки од различна генеза- мигрена, вегетативно-васкуларни дистонии, хроничен ринитис и синуcитис при дискинезија на жолчните кaнали, хроничен запек, хроничен циститис, колитис и многу др. Најмногу се третираат онколошките заболувања.
Накратко информотерапијата претаставува метода на лекување без хемиски, физички и било кои други оптеретувања на организмот. Лекувањето се врши на ниво на цел организам се земаат во предвид отстапувањата на секој орган и систем на органи, се влијае врз секоја клетка на организмот со микрогенераторите на Скрипњук кои ги учат клетките да ја обновуваат својата работа, а тоа значи враќање на здравјето.
Како се изведува дијагностиката?
Со самото мерење на отпорот на активни електропунктурни точки на човекот со помош на пасивна сонда или електрода, самиот програм и софтвер содржи одредени зададени вредносни норми кај здрав човек тогаш со мерењата добиваме информации за активниот потенцијал на клетката за оној орган кој го мериме и со самото мерење имаме увид на здравствената состојба на човекот. Тоа ни ункажува каков процес се одвива во него, воспалителен или дегенеративен. Дали има вируси, бактерии, габички, протозои, глисти. При лекувањето со помош на информацијата се користи енергија која е зачувана на АТФ (аденозинтрифосфат), креатинфосфат и други високоенергетски материи кои веќе се наоѓаат во организмот на човекот и кои можат да се синтетизираат во организмот. Тоа значи дека при практикување на информотерапијата информациите се содржани во посебен микро генератор преку кој организмот ги прима, предизвикуваат во него процес на создавање внатрешни лековити средства.
Постои и начин како да се детектираат инфективните агенси, да се откријат вируси, бактерии и паразити. Користиме носачи на информации на таканаречени касети и нозоди. Секој микроорганизам има своја биолошка фрекфенција која претходно е утврдена и при самото мерење на потенцијалот на одредени контролни точки веднаш знаеме дали постои во организмот некој микроорганизам или не.
Оваа информотерапија опфаќа долгогодишна работа на научници од биофизиката, физиологијата, биохемијата, генетиката, мембранологијата, природната медицина, ембриологијата, физиотерапијата итн. Методата е извонредна бидејќи овозможува да се види и како ќе реагира некој лек уште пред да го земе пациентот. Така се одредува точната терапија и информотерапијата или фармаколошката терапија со тоа што може дури и да се тестира и дозата на лекот.
Со методата успешно може да се утврдат многу рано настанати процеси кај некои заболувања и со самото тоа можност да се спречи нивно понатамошно развивање. Се утврдуваат акутните и хроничните болести во телото, се открива и болеста пред да се покажат клинички манифестации. Се одредува и степенот на заситеност од витамини и микроелементи, и многу важно се корегира неговата исхрана. Може да се утврди и причинителот на дадената дијагноза на одреден орган и е ефикасна во лекување на акутни хронични болести.
Исто така може да се утврдат и отровите, алергии, типот и видот на вируси и бактерии, паразити, габички, микоза, и сида. Да се утврдат анаболни процеси како и катаболочки процеси на имунолошкиот систем. Линфен систем, и кај онколошките заболувања.
Колку долго трае терапијата ?
Секогаш различно во зависност од целокупната задравствена состојба на човекот, колку долго е присутно некое заболување, имуниот систем на човекот и.т.н. Најмалку една а најмногу до 3 сеанси и секоја трае по 21 ден. Секоја наредна сеанса се добива нов рецепт и терапија со точно пропишани правила за нејзина примена.
Подготвил:
Жаклина Марковска Христовска
Лекар по природна медицина и информотерапевт